-->
-->
Седумнаесет милиони жители на Шенжен во карантин заради коронавирусот
-->
Седумнаесет милиони жители на јужниот кинески град Шенжен се ставени во картантин откако се пријавени 66 нови случаи на коронавирус, соопшти локалната власт, која исто така го затвори деловниот кварт.
Властите во градот, во кој се сместени технолошките гиганти како „Хуавеј” и „Тенцент”, побараа од жителите да останат дома поради зголемувањето на случаите на инфекцијата со сојот омикрон.
Властите во последните денови веќе затворија места и ресторани што не се неопходни поради зголемениот број заболени.
Кина само вчера регистрираше 3.393 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу во еден ден од избувнувањето на пандемијата во февруари 2020 година
Поради брзото зголемување на бројот на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови на североистокот, додека повеќе од десет провинции се борат да ги спречат локалнитежаришта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка