СЕХА: Вардар убедлив на гостувањето во Цеље
На второто гостување сезонава во СЕХА лигата, Вардар се враќа со цел плен, победувајќи го Цеље со 40:29 и задржувајќи го лидерското место на табелата.
Вардар одигра одлично, мотивирано, нанесувајќи му го највисокиот пораз на словенечкиот првак последниве сезони.
Во првите 13 минути од натпреварот се играше израмнето (7-7), и со водство од еден гол на Цеље. Потоа за три минути вардарци успеаја да направат предност од два гола, 10-8. Следуваше можеби клучниот период. Прво четири минути ниту еден тим не постигна гол, а Штербик го одбрани пеналот на Маргич. Од 18 до 22 минута следуваа пет гола по ред за „црвено-црните“ и водство од 15-8. Домаќините се обидоа да фатат приклучок, но не успеаја. На полувреме се отиде со 20-13.
Арпад Штербик имаше десет одбрани во првото полувреме, а еден од џокерите на Вардар беше Бразилецот Рожерио кој постигна 4 гола од пет обиди.
Само четири минути во второто полувреме беа потребни разликата да отиде на „плус 9", во 45. минута Цеље се доближи на 28:23, но тогаш Вардар направи нова серија за враќање на позитивата од девет гола, 33:24 во 52. минута по што победникот беше заверен.
Најдобри во победничкиот состав беа: голманот Арпад Штербик со 18 одбрани и Тимур Дибиров со осум погодоци.
Вардар е прв на табелата со 13 бодови од 5 натпревари, додека Цеље остана на втората позиција со 9 од 5 натпревари.
Утре се играат три натпревари, а во Скопје Металург е домаќин на Татран Прешов.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје