Фудбал
31. August 2015 - 8:02

Серија А: Победи за екипите на Трајковски и Пандев

Екипите на Трајковски (Палермо) и на Пандев (Џенова) постигнаа победи во рамките на 2.коло од Серија А. За Палермо ова е втора победа и заедно со уште четири екипи е на делба на првата позиција со максимални 6 бодови.

Трајковски го одигра целиот натпревар, а Палермо победи со 1:0 иако неговата екипа дуелот го заврши со 10 играчи. 
Пандев за Џенова играше 56.минута, што значи дека и двајцата беа стартери во своите тимови.

Резултати на синоќешнете натпревари:

Рома – Јувентус 2:1, 
Аталанта – Фросиноне 2:0, 
Карпи – Интер 1:2, 
Киево – Лацио 4:0, 
Џенова – Верона 2:0, 
Наполи – Сампдорија 2:2, 
Торино – Фиорентина 3:1 и 
Удинезе – Палермо 0:1. 

Во саботата:

Болоња – Сасуоло 0:1 и
Милан – Емполи 2:1.

Табела: Киево, 6 бодови, Торино 6, Интер 6, Сасуоло 6, Палермо 6, Сампдорија 4, Рома 4,...