Северна Кореја од подморница лансираше крстосувачки ракети
Северна Кореја изврши тестирање, при што истрела две стратешки крстосувачки ракети од подморница, објави државната новинска агенција КЦНА. Зборот „стратешки“ обично се користи за опишување на оружје што има нуклеарна способност.
КЦНА соопшти дека стратешки крстосувачки ракети биле истрелани од подморницата „8.24 Ионгунг“ во водите крај источниот брег во раните утрински часови. Ракетите поминале околу 1.500 километри пред да ја погодат целта.
Агенцијата, исто така, објави дека лансирањето на ракетата ја потврдило ефикасноста на системот, а биле тестирани и подводните офанзивни способности на подморницата.
Здружениот генералштаб на Јужна Кореја (JCS) соопшти дека војската на земјата е во состојба на готовност, додека разузнавачката агенција на земјата соработува со своите американски колеги на анализа на лансирањето.
Заедничките вежби на Јужна Кореја и САД, наречени „Штитот на слободата 23“ треба да започнат денеска, а ќе бидат најголеми од 2017 година.
Пјонгјанг смета дека вежбите се проба за инвазија. Северна Кореја спроведе рекорден број ракетни тестирања и вежби во изминатата година со цел, велат властите, да се зајакнат способностите за нуклеарно одвраќање.
Северна Кореја има голема подморничка флота, но 8.24 Ионунг е единствената позната експериментална подморница со балистички проектили.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
