Шаќири бара авторите на учебниците да бидат повнимателни за да нема грешки

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири бара авторите на учебниците да се повнимателни со цел да нема повеќе грешки како во учебникот по предметот Математика за шесто одделение.
- Побарав да се достават официјални забелешки од страна на универзитетските професори кои се вклучени во изработката на учебникот со наведени причини зошто е направена таа грешка. Знаете дека во сите учебниците по математика, и ние кога сме учеле, имало грешки, но верувам дека и таа техничка грешка соодветно ќе се реши, изјави Шаќири, кој днееска присуствуваше на официјалното затворање на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“.
Тој појасни дека се работи за техничка грешка направена од авторите, и покрај тоа што од двете страни на задачата дадени се неколку решенија.
На новинарско прашање во врска со проблемот со странските учебници кој трае веќе подолго време, министерот одговори дека во претходниот период се отвори дискусија во однос со начинот на пријавување на странските издавачи, како и за издавачкото право што го имаат, на повикот организиран од Министерството за образование и наука, на кој по измените, односно на вториот повик, пристап имаа сите странски издавачи.
- Побарав и од Завод за ревизија стручно мислење во однос на тоа толкување во Законот за учебници и во другите закони каде што треба да го има толкувањето во однос на странските учебници. Го очекувам одговорот и за наредните чекори сакам внимателно, ако извештајот кажува дека ќе треба да се дефинира, јас ви гарантирам дека после шест години ќе имаме добро дефинирање на законот и очекувам политичките партии тука да не прават проблем и ова да се реши во најбрз можен рок според препораките што ги имаме, рече Шаќири.
Ново на Сител
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
-

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД
-

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
