Шекеринска: Правната држава треба да функционира
Одлуката на СДСМ и пратениците од власта да ги поддржат правосудските органи да го водат процесот за обвинетите за настаните во Собранието на 27 април е заради обврската на новата Влада дека ќе има правна држава, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по состанокот со министрите од Јадранската повелба во Охрид.
- На сите им е јасно дека политичката ситуација во Македонија е под влијание на случувањето во Собранието и во државата, свесни сме дека одлуката на Обвинителството да бара процесирање на целиот случај за одредување мерка притвор предизвика многу политички реакции. Ние не сакаме да бидеме слепи дека тоа се случува, рече Шекеринска.
Нагласи дека иако денеска Собранието дискутираше за важни точки без учество на опозицијата, нема да бидат Влада која ќе ги остава работите кои само ќе се случуваат, туку ќе бидат тие кои ќе ги решаваат проблемите.
Настаните во Собранието од 27 април, според Шекеринска, се настани кои не можат да се заборават, а Македонија ќе биде посилна само ако има одговорност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците