Шест интервенции на кумановските пожарникари
Шест интервенции бележи Територијалната против пожарна единица на Куманово во текот на вчерашниот ден, информираа денеска надлежните од кумановската противпожарна единица.
Пожарникарите вчера интервенирале во село Шупли Камен каде што горела сува трева во периодот од 10:30 до 15:05 часот. Во 12 часот горела вегетација на Градските гробишта, која била изгасната по еден час.
Четири часа кумановските пожарникари со две противпожарни возила гаселе запалена сува трева, но и викендица во во Доброшане. Пожарот е изгаснат во 20 часот.
Како што информираат од кумановската противпожарна единица и во кумановското село Пчиња горела сува трева, стрниште, а пожарот зафатил и тополи, вчера од 18:45 до 21:40. часот. Горело и ѓубриште кај локалитот „Стара Кланица“, но и сува трева и стрниште кај Градиште. Пожарникарите ја завршиле интервенцијата во 22:35 часот.
Ново на Сител
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите