Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
Шест измами со наводни сообраќајни незгоди се регистрирани во СВР Куманово од почетокот на годинава досега, информираа денеска од СВР Куманово. Само минатата недела биле евидентирани шест обиди за измами.
-Според пријавите, сторителите се јавуваат на телефон, при што со лажно прикажување на факти ги доведуваат во заблуда граѓаните дека член од нивното семејство имал сообраќајна незгода и дека потребна одредена сума на пари за да се изврши операција или да не бидат кривично гонети, изјави портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Во врска со измамите, од слобода било лишено едно лице.
-На 12 февруари годинава во 15.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија. Тој се сомничи дека на територија на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица. П.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираа од полицијата.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат внимателни кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 112. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измамите.
Поради зачестените појави на измами и обиди за измами, во изминатиот период полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираат превентивни активности и во непосредна комуникација со граѓаните им укажуваат за начинот на кој се извршуваат измамите со наводни сообраќајни незгоди. Полицијата работи на расчистување на случаите.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат