Шојбле: Можностите на Германија се ограничени во однос на бегалците

Германија треба на светот да му испрати порака дека го достигна лимитот од својот капацитет да даде помош за мигрантите кои доаѓаат во Европа, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Германија очекува годинава во земјата да дојдат меѓу 800.000 и милион бегалци и мигранти, што е двојно повеќе отколку било која претходна година, пренесе Танјуг.
-Потребно е на светот да му испратиме јасна порака - подготвени сме да помогнеме и тоа досега го покажавме, но нашите можности се ограничени, рече Шојбле во интервји за АРД.
Приливот бегалци предизвика притисок врз локалните заедници и создаде јаз меѓу партиите од владеачката коалиција за прашањето како на најдобар начин да се управува со кризата, наведуваат британските медиуми.
Поделбите повторно се појавија откако министерот за внатрешни работи Томас де Мезијер кажа дека во иднина сириските бегалци ќе добиваат изменет статус и нема да имаат право на спојување со семејството.
Шојбле го поддржа предлогот кој, како што наведе, Владата детално го разгледува.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
