-->
-->
Шпанецот Гарсија нов тренер на Лидс
-->
Шпанскиот 52-годишен фудбалски стратег Хави Гарсија е нов тренер на Лидс со кого потпиша „флексибилен“ договор и го замени на клупата Џеси Марч, објави клубот од Премиер лигата.
Американецот Марч беше отпуштен пред две недели по серијата слаби резултати поради кои Лидс се најде во зоната на испаѓање по 23 одиграни кола.
„Лидс Јунјатед со задоволство објавува дека клубот ги договори условите со Хави Гарсија за ангажман на позицијата главен тренер на првиот тим, доколку му биде издадена работна дозвола‘, се наведува во клупското соопштение.
Гарсија не е непознат тренерски лик во Премиер лигата.
Од јануари 2018 до септември 2019 година Шпанецот Гарсија го тренираше Ватфорд и со клубот играше во финале на ФА купот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
