Шпанската Влада ги повлекува полициските засилувања од Каталонија
Почна повлекувањето на дополнителните полициските единици, испратени во Каталонија за време на референдумот за независност на 1 октомври, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.
- Поддршката за полицијата и цивилната гарда, испратени во Каталонија, ќе бидат постепено повлекувани до 30 декември, изјави портпарол на Министерството. Тој не соопшти колку полицајци ќе бидат повлечени.
Според весникот „Пајс“, во регионот се распоредени околу 10.000 полицајци.
На денот на референдумот, сцените на полициско насилство при одземањето на гласачките кутии и затворањето на избирачките места го обиколија светот и овозможија сепаратистите да ги осудат репресиите на Мадрид. Според медицински извори, тогаш беа повредени најмалку 92 лица, а сепаратистичките власти соопштија дека околу 900 лица побарале медицинска помош.
Каталонија има сопствена автономна полиција „Мосос д’Ескуадра“, а националната полиција и цивилната гарда имаат второстепена улога во областа.
Ново на Сител
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча