-->
-->
Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога
-->
Штипјанец и гевгеличанка вчера биле приведени од штипски полициски службеници, откако во домот на 29-годишниот М.А. во Штип, била пронајдена дрога.
МВР информира дека вчера, во 10.50 часот во Штип, полициски службеници ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија.
- При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон, информираат од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан