„Што ќе ми се пари, дај ми секс!“, манијак упаднал кај старица и ја злоставувал со часови

Вдовица од 79 години успеала да се ослободи од манијакот Драган Ц. (41) од село Радујевац кај Неготин, кој успеал да ја присили на орален секс, поради што завршила во болница со расечена аркада.
Таа цели два часа трпела ќотек, но и упорно одбивала орално да го задоволи, говорејќи: „Тоа нема да го правам, убиј ме веднаш!“. Насилникот на крајот побарала да го бакне во уста, што претепаната жена се сложила да го направи и так се спасила, зошто потоа тој конечно излегол од куќата. Старицата непосредно по нападот успеала да го викне првиот сосед, кој и дошол на помош и ја однел до болницата во Неготин, додека манијакот со брза интервенција на полицијата е откриен и уапсен неколку часа подоцна.
Немилиот настан се одиграл во село Радујевац кај Неготин, во ноќта меѓу понеделникот и вторникот со семејната куќа на старицата, која веќе 24 години е вдовица и живее сама. Насилникот, буквално ја скршил влезната врата, еден час по полноќ, барајќи од старицата да имаат секс. И се заканил дека ќе и ги убие внуките и правнуците ако не се согласи или ако некому каже што се случило.
Жената, на напаѓачот му понудила и пари само за да ја остави на мира, но тој одбил, говорејќи: „Што ќе ми се пари!? Ајде, дај ми секс“:
На старицата и е укажана помош во болницата во Неготин. Таму и е сошиена аркадата и санирани површинските рани, а потоа е упатена на подетални прегледи. Има болки по целото тело и видливи подливи и рани.
Осомничпениот Драган Ц. е приведен од страна на полицајците од Бор, а по истекот на задржувањето од 48 часа ќе биде приведен кај обвинител на сослушување.
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
