Шведска: Траги од експлозив пронајдени во близина на оштетените гасоводи во Балтичкото Море
Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 потврди дека се работи за саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив.
Обвинителот Матс Лунгквист рече дека сè е внимателно документирано.
– За време на истрагата на местото на злосторството што се спроведе во Балтичкото Море, беа извршени опсежни операции и областа беше внимателно документирана. Анализата што сега е направена покажува траги од експлозив на неколку пронајдени странски предмети. Работата на напредна анализа продолжува со цел да се дојде до поцврсти заклучоци за инцидентот, рече тој.
Во соопштението понатаму се наведува дека „прелиминарната истрага е многу сложена и обемна“ и оти работата продолжува. Во документот не се споменуваат имињата на осомничените, а се поздравува соработката на властите во Шведска со оние во другите земји.
Соопштението завршува со тврдењето дека обвинителот во овој момент не може да даде повеќе информации.
Ново на Сител
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
