Сиљановска Давкова: Ова е страшно, никогаш да не се повтори!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети болниците во Скопје – „Свети Наум Охридски“, „8 Септември“ и Клиничкиот центар, каде што посети дел од повредените во утринскиот страотен пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој според досегашните информации загинало 51 лице.
Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св. Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени ќе се спасат.
-Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова се случи. Некои од кои од нив и контактираат, ама тоа е, рече Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додајќи дека не може да поверува како ова се случило.
-Ова е нешто мора однапред да се предвиди, бидејќи не е првпат да сме се соочиле со вакво нешто, рече Сиљановска Давкова.
На прашањето дали знае дека веќе не постои Центарот за изгореници, рече дека не е запознаена, дека ќе праша, и дека од Воената медицинска академија (ВМА) во Белрад и понудиле помош за повредени лица да се носат таму.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
