Силно невреме во Калифорнија однесе три животи

Најмалку три лица загинаа од паѓање дрвја за време на силната бура што ја зафати Калифорнија, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и прекин на електричната енергија.
Поради рекордни врнежи, гувернерот на Калифорнија – Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во осум окрузи, пишува Би-Би-Си.
Противпожарните екипи реагираа повеќе од 130 пати на поплавите, а официјалните лица издадоа наредби за евакуација на некои јужни планински заедници, вклучително и Лос Анџелес, каде што градските водачи прогласија вонредна состојба.
Претходно 16 лица беа принудени да ги напуштат своите домови во Холивуд Хилс поради лизгање на земјиштето што урна згради и уништи гасоводи.
Невремето и поплавите ги затворија училиштата од Малибу до округот Сонома, во близина на Сан Франциско.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
