Симон Трпчески настапи на добротворен концерт во Лондон
Македонскиот пијанист Симон Трпчески, по концертите во Бирмингем и Стоук-Он-Трент со Бирмингемскиот симфониски оркестар, синоќа беше дел од избраната екипа на гала добротворниот концерт насловен „Ноќ под ѕвездите“ на сцената на Ројал фестивал хол во Лондон.
На програмата беа дела од американските класичари на 20-от век, како Бернштајн, Барбер, Роџерс, Копланд, а Трпчески ја изведе Гершвиновата „Рапсодија во сино“.
На вечерта од која што приходот е наменет за поддршка на лондонските бездомници, под диригентската палка на Тоби Пурсер настапија и младите музичари од Орион оркестарот, органистот Џејмс О’ Донел, добитничката на Греми, сопранистката Ребека Еванс, баритонот Марк Стоун, во соработка со наградуваната добротворна организација „Стритвајс Опера“.
Македонскиот пијанист утревечер ќе настапи во Стоук-Он-Трент со самостоен рецитал, по што му претстојат уште неколку настапи, меѓу кои во Лисабон со Португалскиот симфониски оркестар.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце