Синдикатот на УЈП очекува да ги повика помирувачот, доколку не се најде решение ќе се активира генералниот штрајк
Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) очекува да ги повика помирувачот за да изнајдат решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто какво што неодамна добија дел од вработените во Министерството за финансии.
-Помирувачот што ние го предложивме веднаш беше прифатен од Министерството и чекаме да не повика на разговор. Тој е должен во рок од три дена да го врати мандатот доколку не може да најде решение, изјави Васе Неданоски од Синдикатот на УЈП за МИА.
Доколку сегашниот помирувач не е во земјава и не може да го спроведе помирувањето, како што кажа, на негово место може да се назначи друг. Сепак, Неданоски очекува за пет до шест дена да заврши процедурата за помирување.
-Доколку не се изнајде решение за неколку денови ќе се активира одлуката за генерален штрајк при што ќе ги искористиме сите можности што ни се на располагање. Ние не сме дел од одбраната или внатрешните работи па да имаме некакво ограничување што смееме, а што не смееме да правиме за време на генерален штрајк, посочи Неданоски.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО