Синот на Трамп ги спореди сириските бегалци со отровни бонбони

Најстариот син на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп предизвика контроверзи со изјавата за бегалците кои ги спореди со отровни бонбони.
Доналд Трамп помладиот, кој често пати ги брани позициите на својот татко, објави на Твитер слика на сад со бонбони врз која беше отпечатен предизборен слоган на татко му: „Вратете ја величината на Америка!".
„Ако имав сад со бонбони и ви кажам дека меѓу нив има три кои се отровни, ќе земевте ли грст од нив? Таков е нашиот проблем со сириските бегалци", дополнува Доналд Трамп Џуниор. „Оваа слика кажува се. Ајде да престанеме со политички коректното однесување, кое не ја прави Америка приоритет", додаде тој.
Зборовите на Трамп Јуниор предизвикаа бран реакции на социјалните мрежи и критики од страна на демократите. Портпаролот на Хилари Клинтон - Ник Мерил, изјави дека оваа изјава е одвратна.
Поранешниот автор на говорите на Барак Обама - Џон Фавро, на Твитер ја постави фотографијата од сирачето Омран, повредено при воздушен напад во Алепо, кој стана симбол на ќор-сокакот на сириската криза. „Тој е едно од милионите деца кое го споредивте со отровна бонбона", напиша Фавро до синот на Трамп.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
