Сите трагаат по неа: По крвавиот пир ѝ се губи секаква трага на оваа девојка
Припадник на Исламската држава пред две ноќи со камион влета во масата луѓе на божиќниот саем во Берлин, напад со кој уби 12, а повреди 48 лица. После несреќата, неколкумина се водат за исчезнати, а меѓу нив и 30-годишната Фабриција ди Лоренцо од Италија.
На местото на крвавиот пир се пронајдени нејзиниот мобилен телефон и карта за метро, но нејзиното тело го нема и засега не е познато дали настрадала во нападот. Доколку не е, нејасно е зошто веќе два дена не контактирала со семејството, ниту со нејзините најблиски пријатели, пишува италијанската „Република“.
До сега се идентификувани шест жртви, сите државјани на Германија. Семејството на Фабриција стравува дека и таа може да е една од останатите шест неидентификувани жртви. Братот и мајката допатувале во Берлин за да дадат ДНК за споредба.
Таткото е скршен.
– Нема многу надеж за нас. Ја следев целата ситуација и нападот беше готов околу 1:30 часот после полноќ. Се јавивме во Министерството за надворешни работи. Син ми се јави од Берлин, не делува како да има надеж дека Фабриција е се уште жива. Уште чекаме официјална потврда, но да не се залажуваме – вели тажниот татко.
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите