-->
-->
Сител дознава: МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
-->

МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров, неофицијално дознава Сител ТВ.
Вчера во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотно тело на 76-годишна жена. Телото со видливи траги од насилство го пронашла нејзината ќерка која веднаш пријавила во полиција.
Според соседите жената три години живеела сама, а последен пат ја виделе пред два дена. Во текот на ноќта пак ниту слушнале ниту забележале нешто невообичаено.
Ова е второ убиство во Ѓорче Петров во последните 5 дена. Минатата недела МВР информираше дека 62-годишен маж со траги на насилство бил пронајден во сопствениот дом
Засега се уште не се познати мотивите а од МВР се очекуваат официјални детали во текот на утрешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
