Скарамучи вети нов почеток во работата на екипата на Трамп во Белата куќа
Новиот директор за комуникации на Белата куќа, Ентони Скарамучи, денеска вети нов почеток во работата на претседателската екипа и упати недвосмислени закани кон оние кои даваат неодобрени изјави пред медиумите, пренесоа француските медиуми.
-Ќе донесеме спектакуларни мерки за да го пресечеме истекувањето информации, рече Скарамучи за телевизијата „Фокс“, на два дена откако од Трамп беше назначен на функција.
„Доколку не запре истекувањето информации ќе се намали бројот на соработници. Во Белата куќа се случуваат нешта кои не му се допаѓаат на претседателот и ние ќе ги прекинеме“.
Тој за телевизијата Си-Би-Ес се изрази уште појасно: „Кој сака да остане треба да го запре истекувањето на информации. Доколку тоа продолжи, ќе ги сменам сите“.
Француските меидуми напоменуваат дека уште од првите денови во Белата куќа претседателот Доналд Трамп многгу се лутел на постојаното истекување информации од соработниците, кои за медиумите ракажувале детали за внатрешните недоразбирања, за проблемите во координацијата и приватните разговори на претседателот.
-Добрата вест е дека ова е нов почеток за сите. Сакам добри односи со традиционалните медиуми, подвлече Скарамучи.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел