-->
-->
Слаб снег на Шапка и Стража
-->
Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, додека во Дебар врне слаб дожд. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.
Според информација добиена од МВР, денеска од 8 до 22 часот во целосен прекин е сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија, поради штрајк на грчките земјоделци.
Утрово од 10:10 часот од страна на такси возила и автобуси , целосно е блокиран сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ на влез-излез од Македонија на дел од автопатот Гевгелија- ГП„Богородица“, во близина на бензиска пумпа „Шимов“. Истиот неофицијално ќе трае околу 2 часа, стои во соопштението на АМСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда
-
Крадец на накит проголта обетки од „Тифани“ вредни над 700.000 евра
-
Флик: Не беше лесно по црвениот картон, но издржавме
-
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница
-
Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи