Живот
19. November 2016 - 16:01

Слика на Клод Моне продадена за рекордни 81,4 милиони долари

Сликата на Клод Моне „Стог сено“ дел од серијата слики на францускиот сликар, продадена е за рекордни 81,4 милиони долари на аукција во Њујорк, организирана од аукциската куќа „Кристи“.

Конечната цена речиси двојно ја надмина почетната проценка од 45 милиони долари.

Аукцијата траеше 15 минути, што е невобичаено за продажба на таков формат. 

Претходниот рекорд е поставен во јуни 2008 година кога сликата „Езеро на водени кринови“ е продадена за 80,4 милиони долари на аукција во Лондон.