-->
-->
Словенија прва провeрка за македонските ракометари пред ЕП во Полска
-->

- Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска во Кршко против Словенија ќе го одигра првиот од вкупно четирите контролни натпревари во рамките на последната фаза од подготовките за претстојното Европското првенство што од 15 јануари почнува во Полска.
Според селекторот Ивица Обрван дуелите против Словенија на гостински терен се одлична можност да се провери моменталната подготвеност на ракометарите, а воедно да се почувствува барем делумно и притисокот од настап на гостински терен.
-Словенија е одличен избор. Тие имаат многу квалитетна репрезентација, а за нас се одличен спаринг партнер во овој дел од подготовките, изјави селекторот Обрван.
Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
Вториот меѓусебен пријателски дуел на двете репрезентации е утре во Цеље со почеток 18 часот и 30 минути.
По враќањето во Скопје, репрезентацијата ќе продолжи со тренинзи, а на 10 и 11 јануари ќе одигра уште два натпревари против Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
