Со „Илинденски етно фест“ одбележан патрониот празник на општина Илинден

Со општонароден собир под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ и „Илинденски етно фест“, општина Илинден го одбележа националниот празник на македонскиот народ, патрониот празник на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и 20. годишниот јубилеј од постоењето на општината.
Традиционално, централната манифестација по повод Денот на општината, со поддршка на Македонската православна црква, се одржа во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“, во Дељадровци.
На присутните илјадници граѓани добредојде и честитки по повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на општината, им упати градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, како и претседателот на Советот на општината, Марјан Милошевски.
Во рамките на одбележувањето на празникот, годинава по трет пат, во прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ се одржа „Илинденски етно фест“, фестивал на македонски песни во исполнение на ѕвездите на македонската естрада.
Присутните имаа можност да уживаат во настапите на дваесеттина естрадни уметници меѓу кои и Сузана Спасовска, Виолета Томовска, Блага Петреска, Виданка Ѓорѓиева, Атина Апостолова, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ирена Спасовска, Ани Малинкова, Круме Спасовски, Момо Николовски...
Како и во изминатите години, централната манифестација по повод одбележувањето на патрониот празник на општина Илинден, почна со положување свежо цвеќе на гробот на Владиката полошко-кумановски г. Кирил кој е погребан токму во овој манастирски комплекс.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
