Македонија
16. November 2017 - 14:50

Со употреба на сила и закани внел 21-годишна девојка од Струга во својата кола и ја силувал

Штипската полиција поднесе кривична пријава против Ш.Д. (48) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување со закана врз животот.

Четириесет и осумгодишниот Ш.Д., ноќта помеѓу 8 и 9 октомври , во близина на едно кавадаречко село, во неговото возило, со употреба на сила и закани извршил обљуба над  Џ.М. (21) од Струга, соопшти МВР.