Соботка: Европа нема да интервенира против ИД, тоа мора да го направат Арапите

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка смета дека воена интервенција на членките на коалицијата на повеќе од 60 земји, кои заедно се против Исламската држава (ИД) нема да го реши конфликтот во Сирија, туку тоа треба да го сторат самите арапски едеиници.
Ова го изјави Соботка пред денешниот Самит за борбата против ИД и тероризмот во Њујорк, на првата средба на највисоко ниво на сојузничката коалиција, чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама, јави дописникот на МИА од Прага.
- Ние, подготвуваме и проект за обука на ирачките полицајци и снабдување на авионите Л- 159, за употреба на ирачката влада, рече Соботка на Чешката државна телевизија (ЧТ).
Република Чешка е една од активните учесници на коалицијата и досега има испратено помош во муниција во Ирак, најголем дел за курдските борци и обезбедува хуманитарна помош за Курдистан, каде има многу бегалци.
- Доколку сакаме да ја совладаме миграциската криза, треба значително да ја ослабнеме Исламската држава, додаде Соботка, кој потенцираше дека главната работа е на арапските држави, со оглед на тоа дека Европа ги поддржува воздушните напади и курдските и ирачките борци.
- Долготрајниот конфликт меѓу шиитите и сунитите во тој регион не може да се реши со еднократна воена интервенција и никако не со некаков европски или Северноатлантски експедициски корпус. Останува обука, вооружување и воздушна поддршка, оцени Соботка.
Тој наведе дека воената акција во Ирак, Авганистан и дел во Либија не донесе трајно решение.
Осврнувајќи се на проблемот со мигрантите од Сирија и спротивставувањето на Чешка да се одредуваат квоти на бегалци во европските земји, тој рече дека Чешка ќе се обидува и понатаму да бара сојузници по ова прашање.
Ново на Сител
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
