Македонија
5. July 2024 - 12:14

Собранието ја избра Марина Димовска за генерален секретар

Марина Димовска, магистар по меѓународна економија е избрана за генерален секретар на Собранието. Димовска од 2009 година работи во Парламентот и ќе раководи со собраниската служба со овој пратенички состав. 

За заменик-генерален секретар на Собранието е избран Никола Ѓошевски, е магистер по корпоративното право. И тој доаѓа од редот на собраниските службеници.

Димовска и Ѓошевски доаѓаат на местата на Цевтенка Иванова и Бојан Василевски кои по смената на власта си дадоа оставки.