Македонија
13. February 2020 - 22:14

Собранието ја започна расправата за законот за Јавно обвинителство

Во Собранието на Република Македонија почна 135. собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.