Македонија
29. September 2023 - 8:27

Собранието ќе ја одржи 126 седница

Во Собранието на Северна Македонија денеска треба да продолжи 126. пленарна седница. 

На дневен ред како неразгледани точки останати се ратификации, како и измените на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Предлог-измените на Законот за здравствена заштита. 

Пратениците ќе треба да ги разгледаат и Предлог одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници, како и Законот за извршување на Буџетот за 2023 година, кои денеска се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.