Сончево со умерена облачност, од утре дожд и ветер
– Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени.
За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени.
Ново на Сител
-
Вучиќ и Курти потврдиле присуство в среда во Брисел
-
Муцунски: Членството на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на Европа
-
Падната топола го блокира патот од Битола кон селата Дрогожани, Секирани и Црновец
-
Претседателката Сиљановска Давкова ги прими премиерот Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада
-
Ограбена скопјанка во автобус
-
Тошковски најави интензивни мерки за да се нормализира издавањето лични документи
-
ЦУК го соопшти начинот за обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди
-
Хоспитализирани уште седуммина со голема кашлица, вкупно 786 случаи во државава