Македонија
30. May 2018 - 10:53

Сообраќајка на патот Градско - Прилеп, сериозно повреден битолчанец кој со возило излета од патот

 
Вчера утро во 08,40 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со битолски регистерски таблици управувано од Љ.А.(60) од Битола излетало од патот.
 
Од незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница во Прилеп, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
 
На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот.