Сопругата на напаѓачот од Орландо се соочува со обвинување
Сопругата на напаѓачот од Орландо, Омар Садик Матин кој уби 49 лица во геј клубот во овој град во Флорида, се соочува со обвинување, поврзано со нападот.
Сопругата Нур Салман се сомичи дека знаела за подготвувањето на нападот, но не ја известила полоцијата.
Обвинителството во Флорида побарало да се истражи дали има основа за да се покрене обвинување против Салман, откако таа во едно интервју призна дека се обидувала да зборува со сопругот Матин, непосредно пред да биде извршен нападот во ноќниот клуб „Пулс„.
Нападот во овој геј клуб е најголемиот поединечен вооружн напад на осамен напаѓач, во амерканската историја.Покрај 49 убиени, во нападот има и 53 повредени, од шестимина се уште се во критична состојба.
Обвинителството верува дека Омар Матин ја побарал својата сопруга Нур Салман по телефон, од пред зградата на ноќниот клуб, кога веќе го заппочнал нападот.
Таа веќе е сослушувана од полицијата, но против неа нема подигнато никакво обвинување.
Некои американски медиуми тврдат дека Салман е многу подлабоко вклучена во нападот на нејзниот сопруг и дека била со него кога тој купувал муниција за оружјето со кое беше изведен нападот.
Весниците пишуваат дека сопругата во една прилика го префрлила со автомобил Матин до зградата на геј клубот, кога тој одел да испитува кој е најдобриот начин за да се изврши нападот.
Нур Салман е втората сопруга на Садик Омар Матин.Тој е роден во Њујорк од родители Авганистанци. Беше убиен во престрелката со полицијата по нападот во геј клубот.
ФБИ соопшти дека нема докази оти Матин бил поврзан со било која милитантна исламистичка група, каква е Исламска држава (ИД).
Ново на Сител
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар