Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата
Совет на Амбасадори преку соопштение изразува голема загрижениост и изненадување од веста во медиумите дека мала група пратеници, како што се посочува, „борци за човекови права” во услови на тешка пандемија со коронавирусот и продлабочена економска криза приоритет на нивното пратеничко ангажирање е на промена на еден член од Законот за надворешни работи со кој ќе се овозможи за амбасдор да биде акредитиран државјанина на РС Македонија кој има и државјанство на друга држава.
Советот потсетува дека до сега биле испраќани македонски амбасадори кои имале и друго државјанство, но , тие се откажале од странското државјанство.
-Оваа позитивна пракса покажува дека некои нови кандидати за оваа највисока фунција во дипломатијата не сакаат да се откажат од државјанство на земји членки на Унијата а сепак сакаат да станат македонски амбасадори. Тоа се очебијно мотивите на овој предлог за измени во Законот за надворешни работи во делот на државјанството, а барањето да оди по скратена постака е само потврда тоа да се стори најбрз можен начин, наведуваат од Советот на амбасадори.
Воедно, од Совет на амбасадори ја потсетуваат Владата дека државјанството на именуваните амбасадори на светско ниво е регулирано со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 год. и не може да биде предмет на било какво пазарење или исполнување на лични желби на партиски активисти.
Советот истовремено нагласува на регулацијата и со член 4 од Уставот на Република Македонија каде децидно стои :„ Граѓаните на Република Македонија имаат државјанство на Република Македонија. Ова значи дека поседување на друго државјанство е исклучиво право и желба.
-Совет на Амбасадори смета дека било кој обид во време на негирањето на македонската државност, јазик и култура од страна на некои земји од соседството со можноста да се воведе и второ државјанство за кандидатите за амбасадори сериозно се уриваваат темелите на македонската држава што ќе има долготрајни негативни последици, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина