-->
-->
Советот на ЕУ воведе дополнителни санкции против Северна Кореја
-->
Советот на Европска унија воведе дополнителни санкции против Северна Кореја, согласно резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 11 септември оваа година.
Одлуката на Светската организација, како што е наведено во соопштението од Советот, е одговор на непрекинатите дејства за развој на нуклеарно оружје и балистички ракети од Пјонгјанг, со прекршување и непочитување на претходните резолуции на Советот за безбедност.
Новите мерки вклучуваат ограничувања за продажба на сурова и преработена нафта во Северна Кореја.
Советот на ЕУ истакнува дека работи на идентификување на можните дополнителни санкции од ЕУ. Европските санкции се комплетирани со оние што ги наметна Советот за безбедност на ОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата