Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите дека во бегството на поранешниот специјалец се вмешани и некои полициски службеници, нагласи дека има разни шпекулации и оти полицијата не смее своите одлуки да ги темели на ниво на шпекулации.
Истакна дека вчера конечно Јавното обвинителство во Штип отвори истрага за да се види кој се е вклучен во тој процес.
-Ако има одговорност, ако се покаже дека има казнивост ќе влијаеме превентивно на сите идни случувања. Ситемот мора да почне да функционира ако сакаме да имаме правна држава, во која ќе веруваат граѓаните, тоа мора да го прават не само една, туку сите институции, сите заедно да работиме за да ги задоволиме интересите на граѓаните, рече Спасовски, кој денеска ја посети реновираната полициска станица во Валандово.
Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламетарните избори. Казната затвор ја издржува од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми. Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври. Спасов од минатиот понеделникот се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, од минатиот вторник доцна попладнето МВР распиша меѓународна потерница по него.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?
-
Оштетена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад
-
Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот