Спасовски: Оние кои реагираат на мерките, ќе реагираат многу повеќе кога ќе дојде до широка заразеност
Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствениот систем, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Коментирајќи го предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час што Владата денеска треба да го разгледа, Спасовски рече дека рестриктивните мерки се ограничувачки, но неопходни за да може да се заштити здравјето и животот на граѓаните.
– Одлуките кои мораме да ги донесеме, никој не ги посакува, меѓутоа тие се резултат на однесувањето на сите нас. Ако не ги почитуваме препораките, ако не носиме заштитна маска, ако се групираме и правиме настани коишто со сигурност значат ширење на вирусот, тогаш државата во еден момент мора да изреагира, нагласи Спасовски во изјава за медиумите дадена по промовирањето на Центарот за обука за прва помош во Скопје.
Не сакаше да прејудицира која ќе биде крајната одлука што ќе биде донесена на Влада и на кој начин таа ќе се реализира, но апелираше до сите граѓани да ги почитуваат препораките.
– Оние граѓани кои сега реагираат на носењето на рестриктивните мерки, истите тие ќе реагираат многу повеќе во моментите кога ќе дојде до една широка заразеност на населението, рече Спасовски во однос на реакциите во јавноста за можноста за повторно воведување на полицискиот час.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот