Спасовски: Поголема соработка за поквалитетен кризен менаџмент
Потребна е поинтензивна меѓуинституционална соработка и координација за поквалитетно справување со пожарите, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски кој е и претседавач на владиниот Управувачки комитет за координација и управување со кризи, на денешната работна средба со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Аднан Џаферовски ги оцени како успешни досегашните мерки и активности на МВР и ДЗС за превенција и справување со пожарите.
- Неопходно е во наредниот период да се иницираат мерки и проекти за поинтензивна координација и соработка на институциите за обезбедување поквалитетен кризен менаџмент, особено во поглед на превенцијата од пожари, рече Спасовски.
Во фокусот на разговорот беа состојбите со пожарите и мерките и активностите што ги преземаат двете институции, МВР и ДЗС, во оваа насока.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот