Специјални екипи на МЗ ќе информираат за состојбата на пациентите од пожарот кои се на лекување во странство
Министерството за здравство ќе има специјални екипи кои што ќе комуницираат за состојбата на пациентите настрадани од пожарот во Кочани, кои што се на лекување надвор од државата, најави денеска на прес-конференција ресорниот министер Арбен Таравари. Целта е како што посочи, за нивната состојбата да се известуваат и семејствата и јавноста.
- Веќе се дадени задачи во Министерството за здравство да имаме специјални екипи, кои што ќе комуницираат со нашите пациенти кои што се надвор од државата, за да се известува и јавноста, меѓутоа и семејствата, рече Таравари.
Таравари исто така на денешната прес-конференција најави дека ќе оформат екипи на психолози и психијатри кои што ќе работат во Кочани, како и низ клиниките и болниците, со цел давање на поддршка за семејствата и пациентите.
-Уште денеска ќе имаме состанок во Министерството за здравство со специјални, психолошки тимови, заедно со директорката на Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје, д-р Славица Арсова, за да оформиме екипи на психолози и психијатри кои што ќе работат во Кочани и низ клиниките и болниците, каде што ќе има потреба, со цел поддршка на семејствата и пациентите, рече Таравари.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани