СПМ: Пакетот мерки што го донесе Владата е очајна и провидна предизборна корупција на најсиромашните во државата

Социјалистичката партија на Македонија пакетот марки што го донесе Владата го оценува како очајна и провидна предизборна корупција на најсиромашните во државата.
Нелегитимниот премиер во заминување Ковачевски со министрите сака со наши, народни пари да ги подлаже сите кои молат со месеци да им се подобри состојбата. Барањата што ги имаат пензионерите, студентите, земјоделците, работниците, администрацијата не се решаваат со овој пакет мерки.
Владата не нуди системски решенија туку ад хок политички мерки кои до изборите ќе ги снемаи со тоа ќе се потврди шарената лага и магливите предизборни ветувања.
Владините мерки не се за да се подобри стандардот туку само ќе служат за предизборен маркетинг на СДС и ДУИ за добивање гласови на изборите.
Кредитните линии што ги зема владата се потврда дека реални пари нема и дека само со коруптивни мерки ги лаже граѓаните од чии пари ќе треба да се враќаат кредитите со високи камати.
Со овие мерки владата на СДС и ДУИ повторно ги потценува и омаловажува граѓаните. Мерките се задоцнети и не се доволни за да имаат одржливост.
Власта не ги компарира овие средства со инфлацијата која ги осиромаши граѓаните, а со овие мерки изгубениот стандард не се компензира.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека власта во заминување воопшто не се грижи за потребите на граѓаните и стопанството туку единствено како да остане на власт и да продолжи со криминалот и корупцијата.
Затоа на изборите мора да биде казнета и да заврши нејзиното криминално владеење.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
-

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски
-

Едногласно, Народното собрание на Бугарија ја прифати оставката на премиерот Росен Жељазков
-

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
-

Граничниот премин Ники затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата непречен
-

Продолжи судењето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери, одбраната смета дека вештачењето е парцијално
-

УХМР: Продолжува периодот на претежно сончево и тивко време
-

Апсење во Прилеп: Сомненија за проневера во прилепската болница
