Спогодба за соработка меѓу Нелт СТ и три факултети од УКИМ
Спогодба за соработка беше потпишана денеска меѓу дистрибутерската компанија Нелт СТ и ФЕИТ, Машинскиот и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со што студентите од овие три факултети имаат можност да се запознаат со современите бизнис-модели уште во текот на образованието.
Целта на соработката, иницирана од Нелт СТ, е поврзување на праксата и теоријата, особено во областа на трговијата, продажбата логистиката, сметководството и финансиите. Студентите ќе имаат можност да присуствуваат на предавања, практична настава и обука, реализација на проекти, размена на искуства, остварување контакти во бизнис-сферата и стекнување нови пријателства.
Генералниот менаџер на Нелт СТ Македонија Зоран Стојчевски истакна дека соработката со Машинскиот, Електротехничкиот и Економскиот факултет се чекор понатаму во нивната определба да создаваат генерации млади луѓе подготвени да се справат со предизвиците на современото бизнис-опкружување.
- Добрата синергија меѓу образовнието и бизнисот треба да биде изразена преку вакви и слични проекти кои имаат за цел надоградување на стекнатото знаење преку практични примери од секојдневното работење. Сакаме да ги научиме студените кои се аспектите на современ и успешен бизнис-модел и да им ги отвориме вратите на Нелт на сите амбициозни, мотивирани и полни самодоверба млади луѓе со што ја исполнуваме глобалната општествено одговорна стратегија на Нелт Групацијата од која Нелт СТ е важен дел, рече Стојчевски.
Деканот на Економски факултет, проф. д-р Љубомир Дракулевски истакна дека соработката меѓу образовниот и бизнис-секторот нема граници.
- Ваквата соработка им е потребна на двете страни доколку сакаме да градиме современо, образовано и економски силно општество. Економскиот факултет со задоволство ја потпишува соработката, свесни сме дека академскиот свет мора да се надоградува со практичното секојдневие, со цел да создаваме млади генерации подготвени да одговорат на потребите и барањата на современиот деловен свет‘, истакна Дракулевски.
Според деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, студените добиваат можност за долгорочно практично искуство.
- Со потпишување на Спогодбата за деловно-техничка соработка меѓу ФЕИТ и компанијата Нелт СТ, всушност, ја потврдуваме наша суштинска определба - да соработуваме со стопанството во интерес на нашите студенти. На овој начин, ќе овозможиме студентите да добијат практично искуство уште во текот на школувањето, но и по завршување на студиите. Во соработката со оваа компанија, ФЕИТ ќе придонесе кон унапредување на постоечките методи на образование според потребите на пазарот, рече Станковски.
И деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Атанас Кочов, подвлече дека соработката меѓу четирите институции има големо значење за студентите, за образовниот и бизнис-секторот бидејќи, како што рече, им овозможува да го заокружат своето теоретско образование со практична работа.
- Верувам дека ќе ги привлечеме и дека со голем ентузијазам ќе ја прифатат можноста која им ја нудиме заедно со Нелт да запознаат успешни бизнис-модели и да научат како да ја применуваат информатичката технологија во својата идна професија, рече Кочов.
Нелт СТ Македонија како дел од Нелт СТ Групацијата е една од водечките дистрибутерски компании во Македонија. Основната дејност на компанијата е дистрибуција и трговија на големо со прехранбени производи за широка потрошувачка. Клиентите на Нелт се големи домашни и меѓународни компании. Нелт Групацијата ја сочинуваат 11 компании. Работи во седум земји во Европа и Африка и вработува повеќе од 3.500 луѓе.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување