Loading Video...
Балкан
17. December 2023 - 16:54

Србија гласа на избори

На вонредни параламентарни избори, за помалку од две години, Србија повторно избира нов состав на Парламентот, како и претставници на локалната и покраинската власт.

Во трката за нов парламентарен состав пријавени се 18 листи од кои треба да бидат избрани 250 пратеници, а над 60 општини и градот Белград низ Србија одлучуваат кој ќе ја превземе власта. Според Републичката изборна комисија за право на глас пријавени се 6,5 милиони гласачи. 

Како што пренесуваат српските медиуми, набљудувачите веќе регистрирале 100-тина неправилности, а има обвинувања дека и на гласачки места во главниот град се спроведувал т.н „бугарски воз“.

Според Републичката изборна комисија, излезноста до 14 часот била 32 проценти од регистрираните гласачи. 

Функционерите од актуелната власт веќе излегоа на гласање, а претседателот Вучиќ е убеден во уште една победа. Опозицијата пак, верува дека на овие предвремени избори ќе победат промените. 

Најголемата битка ќе се води во Белград каде според тамошните анкети опозицијата и коалицијата на Вучиќ се во тесна трка за освојување на власта.