Србија/Ковид-19: Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес по седницата на кризните штабови ги заостри мерките во борбата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
Вучиќ на прес конференција најави дека од сабота во 13 часот до понеделник во 05 ќе биде забрането движењето на територија на цела Србија, освен за пензионерите кои ќе можат во недела од 04 до 07 часот да излезат да купат намирници.
Тој најави дека од вечерва ќе стапи на сила уште една нова мерка, со која се забранува повеќе од две лица да престојуваат истовремено на едно исто место, како и дека во сабота навечер, од 23 до 01 часот ќе може да се прошетаат миленичињата.
Според него, во Србија во наредните 74 часа се очекува забрзување на бројот на заболени од вирусот, како и бројот на починати,имајќи во предвид дека 81 лице се наоѓа на респиратори, додека како жаришта на епидемијата ги означи Белград, Чачак, Чуприја и Ваљево.
Вучиќ кажа дека проценките на стручните лица биле дека од 400.000 српски државјани кои дошле од странство, меѓу 24 до 32.000 лица биле заразени со коронавирус.
Тој, по денешните разговори со рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон, најави помош од лекари и медицинска помош од Русија и помош за соспствено производство на лекот хлорикин од Франција.
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух