Средба Пендаровски-Штиглиц на Светскиот економски форум во Давос
Светските економски текови, социо-економското закрепнување од пандемијата и новите предизвици со кои е соочена глобалната економија поради воената инвазија на Русија врз Украина, беа теми на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и Џозеф Штиглиц, професор на Универзитетот Колумбија во САД и добитник на Нобелова награда за економија.
Како што информира Кабинетот на претседателот Пендаровски, средбата е во рамки на Годишниот состанок на Светскиот економски форум што се одржува во швајцарскиот град Давос.
Соговорниците, како што се наведува во соопштението, разменија мислења за можните исходи од кризата во глобалната економија, порастот на стапката на инфлацијата и ценовните притисоци, макроекономските импликации на светско ниво, во европската економија и кај нас, како и за влијанието врз политиката.
Претседателот Пендаровски ја поздрави Иницијативата за политички дијалог, што ја предводи Штиглиц, а чија цел е да им помага на земјите во развој да ги истражат алтернативите на економската политика и да овозможат пошироко граѓанско учество во креирањето на економските политики.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива