ССК и Општина Аеродром потпишаа Меморандум за соработка
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Општина Аеродром ја официјализираа соработката со потпишување Меморандум чија цел е воспоставување партнерство за забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање.
Како што соопшти ССК, освен интензивирање на соработката, Меморандумот предвидува и формирање Деловен клубод компании- членки на Сојузот кои делуваат на ниво на општината од различни дејности, како и претставници на менаџментот на Општина Аеродром.
Преку овој клуб ќе се воспостави, поттикне и развива дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и ќе се зајакнат врските меѓу потребите на пазарот на труд и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем и претприемништвото. Се очекува и размена на мислења и информации, како и покренување заеднички иницијативи и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината.
- Компаниите кои делуваат на ниво на општината, заеднички, здружени преку Комората, а сега и преку општинскиот Деловен клуб, ќе имаат можност навремено да ги следат и детектираат предизвиците во општината со цел подобрување на деловното опкружување. Покрај нив, постои отворена можност да се приклучат и останати фирми, комори и организации, информира Сојузот.
Меморандумот го потпишаа претседателот на ССК Данела Арсовска и градоначалникот Ивица Коневски.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива