ССК: Претприемачкиот потенцијал на жените неискористен извор за економски раст

Зајакнување на позицијата на жените во сите индустрии, ќе биде клучното прашање за кое денеска ќе дискутираат потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Габриела Кулебанова, претседателот на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска и претседателот на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска.
На прес-конференција во ССК ќе стане збор за еднаквите можности за личен и професонален развој, за системска и институционална поддршка на жените претприемачи, како и за информации за моменталната состојба на жената во руралните средини со конкретни мерки за подобрување на положбата.
-Рамноправноста меѓу мажите и жените е еден од темелните принципи на Европската унија, а еднаквата застапеност на пазарот на трудот е една од клучните подрачја на кои Европската унија ја проверува примената на принципот на рамноправност. Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст и зголемување на вработеноста, наведува ССК.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
