ССМ: Дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција
Политичарите и пратениците на работниците им ја честитаа новата 2022 година со зголемена минимална плата и плати од 0%, зголемена цена на електрична енергија за 9,48%, зголемена цена на парно греењето за 14,05%…
Дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница
Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците, маркетите, пазарите, стујата, парното и се останато…
Им „заблагодаруваме“ на сите политички партии и ненародните пратеници за се што дозволија и оставија да се зголеми пред Нова година освен минималната плата и сите останати плати на работниците!!!
Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници!
Па затоа дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција!
Сојуз на синдикатите на Македонија
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот