-->
-->
Стартуваше „Скопје 2015“ во Ново Лисиче
-->

Нов празник за љубителите на малиот фудбал во населбата Аеродром.
Во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ стартуваше четвртиот турнир во мал фудбал „Скопје 2015“, со учество на 41 екипа од цела Македонија.
Почетниот удар беше резервиран за градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски кои го означија официјланиот почеток на турнирот.
Првиот натпревар го одиграа екипите на УМС и Рома, кој заврши со резултат 3:1.
Турнирот, кој ќе трае еден месец, го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците.
Прва награда 120 000 денари, втора награда 60 000 денари и комплет дресови за третопласираната екипа. 

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
