Стефана невеста, Даријан зет - Годинешните младенци се подготвени за Галичка свадба
Стефана невеста, Даријан зет. Годинешните младенци се подготвени за шеесет и првото издание на Галичка свадба. Судбоносното ДА ќе го кажат во недела.
Викендов во Галичник посетителите ќе може да посведочат на уникатните свадбарски обичаи, изворни песни, и традиционални ора.
Свадбениот обред во сабота вечер, ќе го означи побратимот со „фрлање“ на три пушки. Потоа следува пречек на тапаните, кои два дена силно ќе ечат низ Галичник. Ќе се одигра свекрвиното оро, па и симболичното „Тешкото“.
Во недела, како по обичај, во фокус на денот ќе бидат свадбените обреди како канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата и дарување. Венчавањето на младенците ќе биде в храмот Св.Апостоли Петар и Павле. Свеченоста е предвидено да заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.
Се очекува неколку илјади домашни и странски посетители го посетат Галичник и да уживаат во оригиналниот фолклор, традиционални вредности, архитектурата и народно творештво. Ваквиот начи на одбележување на Галичка свадба првпат е одржан во далечната 1963, а во 2018 се најде и на страниците на светски реномираниот Њујорк тајмс, како еден од деветте европски фестивали за кои вреди да се патува.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар